Мишко Михајловски 52
1000 Скопје, Република Северна Македонија

We never compromise quality

We deliver reliable solutions

Профил на компанијата

Тимелпроект ДООЕЛ Скопје е мултидисциплинарна приватна инженерска компанија која обезбедува врвни консултантски услуги, проектирање, инженеринг и изведба во енергетската индустрија.

 

Тимелпроект обезбедува планирање, технички и економски услуги за клиенти од електростопанството, индустријата, владата, финансиските институции, меѓународните енергетски корпорации и меѓународната донаторска заедница. Тимелпроект е компанија признаена како една од водечките компании во областа на енергетскиот консалтинг, проектирање и изведба, со големо искуство во планирање и проектирање на електроенергетски системи, изработка на мастер планови за пренос и дистрибуција на електрична енергија, физибилити студии на пазарот на електрична енергија, детални истражувања, технички решенија за индустриски постројки, и енергетска ефикасност и развој на проекти за обновлива енергија. Опсегот на клиенти го вклучувa електростопанството, финансиските институции, термоцентрали и хидроцентрали, рударски и металуршки објекти, производствени погони, независни производители на електрична енергија, сопственици на комерцијални објекти, креатори на развојни проекти, телекомуникациски компании и меѓународни развојни организации за консултации, проектирање, инсталација, проширување, надградба, модернизација или консолидација на постојните системи, или изградба на нови системи.

 

Компанијата ги користи своите знаења во индустријата и високо стручната, техничка експертиза која ја поседува за испорака на конкретни услуги во енергетскиот сектор. Како проектант и изведувач на проекти од комерцијалниот, индустрискиот и електростопанскиот сектор, изведуваме инфраструктура и обезбедуваме ефективни и одржливи решенија, истовремено справувајќи се со прашањето на влијанието врз животната средина на одржлив начин.

ЗА НАС

Зошто Тимел

Нашиот тим

Со цел да обезбеди врвна услуга на своите клиенти, Тимелпроект располага со професионален човечки капитал со високи стандарди за квалитет од областа на енергетскиот инженеринг. Нашите инжинерски услуги – снабдување со енергија…

ПОВЕЌЕ...


Политика за квалитет

Тимелпроект е во постојана комуникација како со своите клиенти, како и интерно со своите вработени, со цел континуирано да ги подобри своите услуги, производи, процеси, својот систем за управување со квалитет, методи и работната средина, како би биле сигурни дека…

ПОВЕЌЕ...


Заштита при работа

Безбедноста и заштитата при работа на своите вработени се секогаш приоритет за Тимелпроект – фундаментална вредност во нашата работна средина. Веруваме дека секоја незгода, и консеквентно повреда, може да се превенираат и затоа…

ПОВЕЌЕ...


Технологии и опрема

За успешна, ефикасна и брза реализација на активностите, Тимелпроект има проектна организација која користи современи софтверски пакети и ИТ инфраструктура за проектирање и изработка на техничка документација. Компанијата…

ПОВЕЌЕ...


Партнери



/>

What clients say

Новости


ПОВЕЌЕ...

Партнери


CONSULTANT

Get your consultant

Consulting Services has extensive experience working with energy distribution utilities, lenders, government institutions and private sector,

helping them to meet their objectives in Macedonian emerging market.More