Потврда за компетенциите и квалификациите на компанијата се и лиценците издадени од Министерството за транспорт и врски на Република Северна Македонија и тоа:
- Лиценца А за проектирање на градби од прва категорија
- Лиценца А за ревизија на проектна документација од прва категорија
- Лиценца А за изведувач на градби од прва категорија
- Лиценца А за надзор на изградба на градби од прва категорија.
Инженерскиот тим на ТимелПроект ги има стекнато следните овластувања издадени од страна на Комората на овластерни архитекти и овластени инженери на Република Северна Македонија:
- Овластување А за изработка на проектна документација од електротехника – шест авторизации
- Овластување А за ревизија на проектна документација од електротехника – шест авторизации
- Овластување А за изведба од електротехника – шест авторизации
- Овластување А за надзор на изградба од електротехника – шест авторизации
- Овластување А за изработка на проектна документација од заштита при работа – една авторизација
- Овластување А за ревизија на проектна документација од заштита при работа – една авторизација
- Овластување А за изработка на проектна документација од противпожарна заштита – една авторизација
- Овластување А за ревизија на проектна документација од противпожарна заштита – една авторизација
Нашата копанија поседува и лиценца за вршење на енергетска контрола, а тројца од нашите вработени поседуваат овластување за енергетски контролори издадени од Министерството за економија.