ТимелПроект обезбедува широк опсег на услуги од областа на проектирање на електропреносни и дистрибутивни мрежи. Нашето екстензивно искуство и знаење во оваа дејност нѐ прави водечка компанија за обезбедување на ваков тип на услуги. Нашите инженери за пренос и дистрибуција на електрична енергија досега имаат проектирано повеќе од 1200 километри електропреносни и дистрибутивни водови, како и сооодветни темели за нив, вклучувајќи и комплексни проекти за тешко пристапни терени во Македонија и во југоисточна Европа.
ТимелПроект користи софтверски програми за проектирање и анализи на електропреносни и дистрибутивни водови од 10kV бетонски столбови до 400kV решеткасто челични столбови.
Нашите услуги вклучуваат проектирање на:
- Надземни и подземни ВН и СН електропреносни водови
- Електродистрибутивни системи
- Надградба и реконструкција на електропреносни и дистрибутивни водови
- Замена на високотемпературни спроводници со мали повеси