Почетна За нас Услуги Проекти Клиенти Квалитет Безбедност Контакт English
 
 
 
 

Наша Мисија:

Да бидеме првокласен изведувач за давање на енергетски решенија на клиенти преку јакнење на нашиот човечки потенцијал и проширување на деловните односи.

Тимелпроект (Тимел) е мулти-дисциплинарна приватна инженеринг компанија која нуди советодавни услуги, проектирање и градба во областа на енергетиката.  Компанијата е основана во 1998 година со средиште во Скопје, Македонија.

ТИМЕЛПРОЕКТ
е водечка приватна компанија која нуди услуги во енергетиката со дејствување во Југоисточна Европа.  Како градител на комерциални и индустриски проекти ние ја надрагуваме инфраструктурата и даваме солидни и одржливи решенија. Преку напорна работа и посветеност во изминатите десет години ние успеавме да изградиме одговорна, креативна и посветена компанија со вработени кои се посветени да ги постават стандардите во електростопанството и приватната индустрија.  Ние работиме со забрзано темпо, прогресивно, професионално и квалитетно притоа задоволувајќи ги барањата и очекувањата на нашите клиенти на најдобар, ефективен начин.

Ние ја цениме разноликоста на нашата работа, нашите добавувачи и нашите клиенти. Ние работиме заедно, во партнерство со нашите клиенти даваме сигурни решенија. Ние секогаш сме посветени да дадеме услуги со високо ниво на визија, интегритет, иновативност и квалитет коишто ги достигнуваат или надминуваат очекувањата на клиентите.  Нашата мисија е да бидеме првокласна, интегрирана енергетска компанија која нуди услуги преку постојано пренесување на знаења и искуство од енергетскиот сектор.

Ние нудиме:

  • Единечен изведувач на проектирање и изведба
  • Партнерство со клиенти
  • “Клуч на рака“
  • Целосно водство и управување
  • Технички ресурси и советодавни услуги
  • Доверливи и одржливи проектни решенија
  • Контрола на трошоци, распоред, и управување на проекти и нивна изведба
  • Проектирање што вклучува конструктивност, оперативност и одржливост

Регионално искуство

Најголемиот дел на проектите кои ги изведуваме се во Македонија и имаме искуство во Косово и Албанија.  Проектите вклучуваат:
Изработка на фисибилити студии, планирање и анализа на енергетскиот сектор, проектирање и изведба на трафостаници и далекуводи и партнерство со интернационално компании.  Исто така, даваме консалтинг услуги и проектирање на производствени единици, пренос и дистрибутивни системи и надградба и развој на индустриски постројки.

Услуги

Ние имаме долгогодишно искуство во давање на експертски услуги како и организиација на мултидисциплинарни тимови за изработка на програми/ проекти.  Најголемиот број на специјалистички услуги вклучуваат: договарање на изведба на проект по принципот “клуч на рака“, фисибилити студии, длабински студии, основни и изведбени проекти, проектен менаџмент, контрола и надзор на изведба, ревизии, советодавни услуги, примопредавање и пуштање во работа.

Персонал

Тимелпроект го сочинива инженерски кадар за проектирање и изведба, висококвалификувани електричари и монтери, испитувачи и кадар за деловен развој.  Ние имаме компактен тим на стручни работници кои можат да се справат со сите потреби и да ги задоволат поставените цели за проектите кои ги превземаме.
Тимелпроект располага со целосен свој капацитет во обалстите од енергетиката за кои сме специјализирани, како што се проектирање и изведба на електрични и машински работи, проекти за животна средина и финансиски и стратешки услуги од областа на енергетиката.  За целосно задоволување на потребите на клинетите, Тимелпроект најчесто превзема проекти по принципот “клуч на рака“.

 
 
ИСО 9001:2008
 

© 1998-2011 Тимелпроект, д.о.о. Сите права задржани.
Заштитен според Законот за авторски права на Македонија.