Почетна За нас Услуги Проекти Клиенти Квалитет Безбедност Контакт English
 
 

Безбедност на работа

Безбедноста на работа на нашите вработени, клиенти и подизведувачи е од примарно значење во Тимелпроект.  Ниту една друга деловна цел нема поголем приоритет.

Нашата полиса за безбедност е создадена со цел да ги насочи нашите вработени за нивната континуирана одговорност заедно со одговорноста на нашата Компанија, да се грижат за здравјето и добросостојбата на сите кои се вклучени во работата со Тимелпроект.

Тимелпроект знае дека безбедноста на работа е важна за секој вработен, семејството, заедницата, корисникот како и за Компанијата.  Оттука, Тимелпроект е секогаш одлучен да обезбеди безбедна и здрава работна околина за сите свои вработени и воедно бара да безбедноста на работа биде секогаш поважна од кој било друг деловен приоритет.  Воедно, очекуваме и компаниите коишто нудат и даваат услуги на Тимелпроект да ги имаат истите високи стандарди за безбедност на работа и здравје како што ние ги имаме во нашата Компанија.

Заштита од загуба на луѓе, опрема и материјали како и штети кон околината бара заедничка заложба на сите лица на терен.  Компанијата има одговорност да ги обезбеди неопходните услови, опрема, алати, процедури, програми за безбедност и обука на сите вработени за избегнување на повреди на работа.  Во однос на ова, Тимелпроект доставува пишани материјали до сите свои вработени, инженери и електричари да ги знаат стандардните барања за безбедност на работа како и минималните безбедносни растојанија за работа во постројки со висок напон што е практика во нашата секојдневна работа, како во проектирање така и во изведба.  Одговорноста е на секој вработен да работи безбедно што е во корист за самиот вработен како и за неговите соработници.  Одговорноста вклучува следење на соодветни правила за безбедност и планирање на секоја работна активност користејќи одредување на соодветен ризик, добра процена и работни вештини, како и искрена посвета за безбедна работа.

Вработените не треба да почнат со работа се додека не се запознаат која е работата што треба да се изврши и како да се направи истата на безбеден и сигурен начин.  Се очекува од сите нив да бидат вклучени и го следат процесот на безбедно управување што го има Компанијата.  Процесот вклучува комуникација со сите ангажирани страни во однос на запознавање со условите и начините на однесување за безбедност, знаење на барањата за безбедност пред почнување на одредена работа како и запознавање на управата на Компанијата со работи и прашања за кои е потребна нивна интервенција и поддршка.

Националните регулативи за безбедност се сметаат за наш минимален стандард.  Во многу случаи, барањата за безбедбост на работа на нашата Компанија како и на нашите клиенти се многу построги.  Сите вработени на управни позиции се одговорни за спроведување и активна поддршка на Програмата за Безбедност и Здравје на Компанијата.  Одговорноста вклучува и следење и спроведување, во случаи и принудно, на употреба на практики за безбедно работење и следење на правила за безбедност.

Сите ние, преку нашето работење, обврски и ангажираност во работата мора да го прифатиме предизвикот да работиме безбедно и активно да спречиме било какви повреди и заболувања.  Нашите вработени, деловни партнери, заедницата и клиентите ќе имаат корист од ваквиот пристап на работа.  Тимелпроект ги охрабрува сите вработени да ја почитуваат вредноста за безбедност на работа и добро здравје на работното место во однос на било која нивна друга работна активност.

Нашата цел на секој проект е да немаме никакви инциденти што воедно е и наш мандат на работа.  Ние сме одлучни да работиме кон таа цел за да постигнеме совршенство во безбедно работење во било кое време и на било кое места на работа.

 
 
ИСО 9001:2008
 

© 1998-2011 Тимелпроект, д.о.о. Сите права задржани.
Заштитен според Законот за авторски права на Македонија.