Мишко Михајловски 52
1000 Скопје, Република Северна Македонија

We never compromise quality

We deliver reliable solutions

Заштита при работа

Безбедноста и заштитата при работа на своите вработени се секогаш приоритет за Тимелпроект – фундаментална вредност во нашата работна средина. Веруваме дека секоја незгода, и консеквентно повреда, може да се превенираат и затоа оваа философија ја вклучуваме во секој наш проект, и тоа со комбинирање на реализација на технички процедури на терен и програми за обука.

Безбедноста и заштитата при работа на нашите вработени, клиенти и подизведувачи е од примарно значење во Тимелпроект. Ниту една друга деловна цел нема поголем приоритет.

Нашата приоритетна определеност да не дојде до никакви инциденти при работа е присутна во сите фази на проектите кои ги реализираме – од планирање до завршување на проектот. Тимелпроект е свесен за фактот дека безбедноста при работа е важна за секој вработен, за неговото семејство, заедницата, корисникот, како и за компанијата. Оттука, компанијата е секогаш посветена во обезбедување на здрава и безбедна работна средина за сите свои вработени, и не дозволува безбедноста при работењето да биде компромитирана од кој било друг деловен приоритет.

Националните регулативи за безбедност се сметаат за наш минимален стандард.  Во многу случаи, барањата за безбедбост при работа на нашата компанија, како и на нашите клиенти, се многу построги. Воедно, очекуваме и компаниите коишто нудат и даваат услуги на Тимелпроект да ги имаат истите високи стандарди за безбедност и заштита при работа како што ги имаме ние во нашата компанија. Само така ќе постигнеме беспрекорна безбедност, дури и во опасни работни средини и тешки временски услови.