Како долгогодишна членка на најстарата и најмногубројна бизнис асоцијација во земјава, Стопанската комора на Македонија, ТимелПроект ги користи придобивките од неговото членство во Македонската енергетска асоцијација (МЕА) која е во склоп на комората:
- Размена на информации кои се од заеднички интерес за членовите на МЕА;
- Вмрежување и соработка со други домашни кмпании, како и можности за меѓународна соработка во енергетскиот сектор;
- Можности за организирано учество на семинари, конгреси и други настани, како и настап на енергетските пазари во земјава и странство;
- Можност да се изнесат критични прашања од заеднички интерес со кои енергетските компании се соочуваат;
- Ревизија на законски и други правни предлози, давање на мислења и иницирање на усвојување на амандмани во законот за Енергетика итн.
ТимелПроект е долгогодишна членка на МАКО СИГРЕ, здружение кое повеќе од 20 години делува на полето на електроенергетиката, со цел да ги приближи академската заедница, индустријата и сите останати чинители во електроенергетскиот сектор и да иницира размена на знаења и искуства меѓу нив.
Целта на членството на ТимелПроект во овие престижни здруженија во земјава е недвосмислена – да обезбеди високо професионални и квалитетни услуги на своите клиенти.