Мишко Михајловски 52
1000 Скопје, Република Северна Македонија

We never compromise quality

We deliver reliable solutions

Сертификации

Во март 2006, Тимелпроект се здоби со меѓунатодниот сертификат ИСО 9001 за консултантски услуги, проектирање, инженерство и изведба на нисконапонски, среднонапонски и високонапонски електроенергетски постројки, преносни и дистрибутивни водови, индустриски погони, енергетска ефикасност и развој на проекти за обновливи извори на енергија. Денес, Тимелпроект е ISO 9001:2015 сертифицирана компанија која константно го потврдува својот капацитет во обезбедување на услуги и производи коишто, не само што ги задоволуваат барањата на своите клиенти, туку и го зголемува нивното задоволство, истовремено запазувајќи ги соодветните законски барања и регулативи преку имплементација на ефективен систем за управување со квалитет.

Ние не правиме компромис со квалитетот, а успехот го мериме според задоволството на нашите клиенти.

Компанијата Тимелпроект е континуирано посветена на подобрување на квалитетот на своите услуги и производи. Оваа нејзина посветеност е потврдена со имплементација на стандарди и најдобри практики кои обезбедуваат конзистентност и стандардизација на секојдневното работење на компанијата. ISO 9001:2015 сертификатот, издаден на компанијата од страна на една од водечките компании за сертификација СГС, е потврда за тоа.


Тимелпроект ИСО9001 сертификат