Мишко Михајловски 52
1000 Скопје, Република Северна Македонија

We never compromise quality

We deliver reliable solutions

За нас

Тимелпроект е една од водечките македонски интегрирани енергетски компании со повеќегодишно искуство во обезбедување на консултантски услуги, проектирање и изведба во областа на енергетиката. Од своето основање во 1998 година,  со напорна работа и посветеност, успеавме да се етаблираме како одговорна, креативна и посветена компанија со вработени дедицирани во поставувањето на стандардите за обезбедување на услуги во енергетскиот и приватниот сектор.

Наша мисија
Да бидеме најдобар изведувач во обезбедување на енергетски решенија на клиенти преку јакнење на нашиот човечки потенцијал и проширување на деловните односи.

Денес, Тимелпроект е компанија која работи со забрзано темпо, прогресивно, професионално и квалитетно. Притоа, работејќи во партнерство со своите клиенти, компанијата е фокусирана на задоволување на нивните барања и очекувања на најдобар и најефективен начин. Целиот опсег на услуги кои ги нудиме, меѓу другото, вклучува и изработка на сигурни консултанстски, проектантски и изведбени решенија од областа на производство, пренос и дистрибуција на енергија, развој на индустриски постројки, енергетска ефикасност, како и проекти во други конкретни полиња.

Најголемиот дел на проекти кои ги изведуваме се во Северна Македонија, но имаме и работно искуство во Косово, Албанија и Бугарија. Нашето портфолио, развиено во последните две децении, вклучува повеќе од 200 инженерски проекти со скоро 70 корпоративни клиенти.

Тимелпроект е друштво со ограничена одговорност едно лице, целосно управувано од страна на неговото раководство.


Профил на компанијата