ТимелПроект е во постојана комуникација како со своите клиенти, така и интерно со своите вработени, со цел континуирано да ги подобри своите услуги, производи, процеси и методи, својот систем за управување со квалитет и работната средина, како би биле сигурни дека секој наш клиент добива најквалитетна, навремена услуга по договорената цена.
Да обезбедиме висококвалитетни и навремени услуги за да ги исполниме барањата на клиентите и го зголемиме нивното задоволство преку континуирано подобрување на квалитетот на нашите услуги и секојдневно работење.
Оваа посветеност на врвното раководство на компанијата е дефинирана во својата Политика за квалитет. Документот е исто така доставен и прифатен од страна на секој вработен во ТимелПроект.