Главната активност со која ТимелПроект се занимава и со која се здоби со репутација на пазарот е проектирање на електроенергетски објекти за потребите на електростопанството, индустријата, градежништво и транспорт и комуникации.
ТимелПроект учествува во сите фази на проектирање, изградба, пуштање во погон, и одржување на електроенергетските постројки. Давањето различни проектантски услуги на инвеститорите и изведувачите за време на подготовката и сите фази на изградба, реконструкција и работење на објектот вклучува:
- Изработка на студии
- Изработка на елеборати (ППЗ и ЗР)
- Идејни решенија
- Идејни проекти
- Основни проекти
- Проекти за изведба
- Ревизии на сите видови проекти
- Технички спецификации и тендерска документација
- Проекти на Изведена состојба
- Планови и програми за обезбедување квалитет
- Проекти за употребување и одржување на електроенергетски постројки