Кога станува збор за изведба и инсталации во индустријата, ТимелПроект поседува обемно искуство, капацитет, вештини и посветеност за задоволување на барањата на своите клиенти. Изведбата и инсталацијата се основна дејност во нашиот бизнис.
Уште од основањето на компанијата во 90-сетите, нашето име стана синоним за извонредна работа и врвни постигнати резултати на проекти од повеќе области на нашето работење: електрани, трафостаници и дистрибутивни системи, телекомуникациски системи, рударски и металуршки објекти, аеродроми, како и производствени погони од различни индустриски сектори.
Клучните пазарни сектори вклучуваат:
Изведба на трафостаници и енергетски постројки на сите нивоа
Тимот на ТимелПроект има повеќе од 40 години искуство во областа на инженерството и раководење со изведбата, во сите фази на изведба и одржување на трафостаници. Ние ја поседуваме потребната експертиза за склопување, инсталација и одржување на целата опрема за трафостаници, вклучувајќи и енергетски трансформатори, прекинувачи, заштитни релејни системи, кондензатори итн.
Во партнерство со инженерскиот тим на клиентот, ги дефинираме и имплементираме најдобрите решенија кои ќе ги задоволат барањата за перформанси на системот. Надградуваме и реконструираме постојни објекти, но и инсталираме нови објекти. Исто така нудиме низа услуги за инсталирање и одржување на разводни постројки во индустриски и комерцијални објекти.
Поконкретно, нашите услуги вклучуваат:
- Внатрешна и надворешна инсталација на трафостаници на среден и низок напон во комерцијални, индустриски и институционални објекти
- Инсталација, одржување и тестирање на системи за заземјување
- Помош при стартирање и пуштање во работа
Изработка на панели, системи за управување и автоматизација, и мерење
- Реконструкција и надградба на постоечките ормари и системи
- Услуги за инсталација, отпочнување со работа и обука на клиенти
- Мерење на оптоварување
- Автоматско мерење и управување на индустриските постројки
- Инсталација на релејни и ормари за управување