За проектирање и реализација на проекти за управување со енергија, ТимелПроект успешно го обединува своето знаење на релевантните политики и пристап до финансии со големото практично искуство кое го поседува.
Во областа на енергетска ефикасност (ЕЕ) и обновливи извори на енергија, ТимелПроект ги обезбедува следните услуги:
- Консултантски услуги на владините институции за нивниот стратешки пристап за рационализирање на користењето на енергија преку промовирање на иницијативи за трансформација на пазарот, со нагласок на јавно-приватното партнерство и асоцијации;
- Подготовка на прелиминарни, симплифицирани и целосни проценки на проектите за енергетска ефикасност и обновлива енергија;
- Воведување на системи за управување на потрошувачка на енергија (ЕМС) во производни компании од различни индустриски гранки;
- Енергетски контроли на згради и индустриски објекти;
- Идентификација на најефективни мерки за ЕЕ и подготовка на проектна документација за ЕЕ за производствени компании;
- Изработка на ЕЕ проектна документација за реконструкција на јавни и станбени згради;
- Проектирање на нови (проекти за производство и дистрибуција на електрична енергија за хидроцентрали, вклучувајќи системи за контрола/управување и заштита на централите) и реконструкција на постоечки хидроелектрични проекти;
- Подготовка на техничка документација за инсталација на фотоволтаични системи;
- Подготовка на техничка документација за инсталација на ветерни турбини…
Исто така, сакаме да ги нагласиме релациите кои ТимелПроект ги има воспоставено со финансиските институции за промоција на инвестирањето во проекти за енергетска ефикасност, како на ниво на државата, така и на ниво на проект. Нашето познавање на овој сектор ни овозможува секоја задача да ја перципираме на интегриран начин, притоа пристапувајќи на решавањето на проблемите од повеќе аспекти.