Мишко Михајловски 52
1000 Скопје, Република Северна Македонија

We never compromise quality

We deliver reliable solutions

Консултантски услуги

Препознат како водечка македонска енергетска консултантска и проектантска фирма во развојот на проекти за преносни и дистрибутивни системи, како и проекти за обновлива енергија, Тимелпроект е една од неколкуте организации која поседува капацитет и искуство да работи заедно и да има партнерски однос со своите клиенти во секоја фаза на развој на проектите.

Нашиот консултантски тим успешно работи со претпријатијата за дистрибуција на енергија, заемодавците, владините институции и приватниот сектор, помагајќи им да ги реализираат своите цели на македонскиот пазар. Нашите експерти обезбедуваат разновидни консултантски услуги во следните области:

  • Детални анализи
  • Стратешко планирање
  • Финансиски услуги
  • Развој на проекти
  • Проценка и економски анализи
  • Менаџирање на средства и
  • Бизнис консалтинг.

Конкретно, тимот за консултантски услуги на Тимелпроект обезбедува високо развиени услуги кои опфаќаат клучни аспекти на стратешките цели на клиентот:

  • Проценка на моменталната состојба – Детално и прецизно ги проценуваме првичните информации, како и нивното совпаѓање со целите на проектот.
  • Развој на решенија – Експертите на ТимелПроект обезбедуваат проектирање и решенија базирани на најдобрите практики стекнати низ нашето децениско искуство. Водиме сметка нашите препораки да се јасни и концизни.
  • Комуницирање на понудените решенија – Ви помагаме во комуницирањето на понудените решенија до вашите вработени. Реализацијата на проектот е главната фаза во развојниот процес на проектите.
  • Одржување на континуирано подобрување – Тимот на ТимелПроект силно верува во одржливоста и квалитетот на своите проекти. Затоа, ние ги водиме и поддржуваме нашите клиенти низ оваа битна фаза – процесот на подобрување и развој.

Нашите консултантски производи вклучуваат, но не се ограничени на:

  • Проектна документација (прелиминарен, основен, детален и проект на изведена состојба)
  • Физибилити студии (студии на изводливост)
  • Инженерски и економски евалуации
  • Надзор на барањата за животната средина во рамките на проектите
  • Набавка на дозволи и одобренија
  • Спецификација на материјали и опрема, и набавки
  • Подготовка на техничка спецификација и тендерска документација
  • Управување со проекти
  • Анализи за доверливост

Селектирани референци