Со цел да обезбеди врвна услуга на своите клиенти, Тимелпроект располага со професионален човечки капитал со високи стандарди за квалитет од областа на енергетскиот инженеринг. Нашите инжинерски услуги – снабдување со енергија, автоматизација, мерење, релејна заштита, инсталации, системи за управување и контрола итн., доминираат во искуството на Тимелпроект. Особено сме горди што сме предводници на ваков тип на инженерски задачи.
Фирмата има преку 20 редовно вработени и неколку постојани советници и соработници. Во редовите на својот кадар, команијата има професионалци со образование стекнато на постдипломски студии во Македонија, Хрватска и САД. Една половина од нашиот кадар се инженери и специјалисти со долгогодишно искуство во водење и организирање на проекти, проектирање и изведба на електроенергетски постројки и објекти. Исто така, компанијата располага и со тим од високо квалификувани работници (искусни електротехничари, електромонтери итн.) кои можат да ги задоволат потребните барања и да ги реализираат целите на секој проект што го имплементираме. На овој начин, нашиот компактен тим успешно може да одговори на секој предизвик, притоа комплетно задоволувајќи ги потребите на нашите клиенти.
Компанијата обезбедува и експерти за краткорочни стручни услуги, како и мултидисциплинарни тимови за реализација на проекти и програми. Целосно сме екипирани и располагаме со кадар во областите потребни за секоја инженерска развојна фаза. Заради ова, Тимелпроект честопати реализира проекти по принципот „клуч на рака“.